ДАНИЕЛ КАЈМАКОСКИ ДОНИРАШЕ АПАРАТ ЗА ДЕТСКАТА КЛИНИКА

Spread the love

Евровизискиот претставник Даниел Кајмакоски викендов ја посети Детската клиника во Скопје и донираше респираторен апарат наменет за новороденчиња, најпотребен за предвремено родени бебиња што не можат да дишат сами.

Апаратот за механичка вентилација чини 17.700 евра и се користи на одделот за интензивна нега и терапија, на кој се хоспитализираат 350- 400 пациенти годишно, од кои 85 проценти се новороденчиња.
“Благодарни сме му бескрајно на Даниел за донацијата, и со тоа покажа дека не само што има прекрасен глас туку има и прекрасна душа. Апаратот ќе ни помогне да се избориме за здравјето на многу деца што поминуваат на нашиот оддел”, вели доц. д-р Аспазија Софијанова, директорка на Детската клиника.
Соработката на Даниел и Детската клиника почна за време на евровизиската кампања, кога тој, со неговиот тим одлучија да ги донираат средствата наменети за печатен промотивен материјал. Место флаери, пенкала, маици, нотеси, тие средства ги употребија да помогнат нечии животи. Идејата кај Даниел и тимот потекна од секојдневните пораки за помош кои пристигнуваат на неговата Фејсбук фан страница.
“Драго ми е што, заедно со тимот се одлучивме на овој чекор. Знаеме дека вредноста на тие средства го достигна својот максимум. Ќе гледаме повеќе насмевки кај децата и кај нивните родители. Соработката со Детската клиника ќе продолжи и понатаму”, изјави при посетата Даниел Кајмакоски.

ДАНИЕЛ КАЈМАКОСКИ ДОНИРАШЕ АПАРАТ ЗА ДЕТСКАТА КЛИНИКА

Напишете коментар