Нашиот евровизиски претставник Даниел Кајмакоски заедно со својот официјален партнер за Евровизија – аптеките Еурофарм, Ве покануваат на настан – дружење со фанови, пред неговото заминување во Виена.
На настанот фановите ќе имаат простор креативно да ги изразат симпатиите кон својот идол преку цртање и пишување, да се поздрават и фотографираат.
Настанот ќе се одржи на 09 мај (сабота) со почеток од 11 часот во просторот на Еурофарм на улица Партизански Одреди бр.1/1 ( до т.ц. Буњаковец).